Руски војници ги оставаат ранетите соборци додека бегаат од украинскиот град Херсон, објави денеска британскиот весник „Дејли телеграф“.
Николај, украински војник кој учествува во борбите во тој регион, дал изјава за весникот.
„Го гледаме повлекувањето на Русите на позиции кои се подобро утврдени. Но, во некои населени области тие сè уште се борат“, рече еден украински војник, додавајќи:
„Тие се повлекуваат затоа што трпат загуби, и тоа многу тешки. Тие бегаат не оставајќи ги зад себе само мртвите тела на своите војници, туку и ранети соборци“.
Да потсетиме, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пред два дена нареди повлекување на руските сили од градот Херсон.
Вчера Русија потврди дека повлекувањето започнало, а Украина оттогаш ослободила повеќе од 10 населени места во областа Херсон.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.