Телефоните „се трошат“ со текот на времето, нивната батерија слабее, перформансите стануваат послаби и сето горенаведено се рефлектира на животниот век на уредот.
Сајтот Commando го објави просечниот животен век на некои од најпопуларните брендови и производители на телефони достапни на пазарот.
– Apple iPhone: 4 до 8 години
– Samsung: 3 до 6 години
– Google Pixel: 3 до 5 години
– Huawei: 2 до 4 години
Овие е просечен животен век, а споменатите бројки може да варираат во зависност од уредот.
Животот на телефонот почнува да отчукува од датумот на производство на уредот, а не од моментот кога телефонот е купен.
Затоа, секогаш е важно да се знае кога уредот е произведен во фабриката.
За среќа, можете да дознаете со гледање на датумот на производство. Обично се наведува на пакувањето на самиот уред, но доколку веќе сте ја фрлиле кутијата, опциите за уредот (За) можете да ги најдете во поставките на телефонот, каде што ќе го најдете датумот или серискиот број.
Покрај тоа, можете да го дознаете датумот на производство на уредот користејќи тајна шифра. Внесете *#06# во бирачот за да го дознаете серискиот број.
Доколку и тоа не ви одговара, на страницата SNDeepInfo можете да најдете упатства за декодирање на вашиот телефон, бидејќи многу производители го кодираат датумот на производство во серискиот број на уредот.