Театар Куманово за утре ја најави премиера на претставата ”Жена од минатото” (видео)

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово за утре ја најави премиерата на претставата ”Жена од минатото” во режија на Нела Витошевиќ. Актерска екипа: Александра Пешевска Игор Ангелов Јасмина Василева Марко Трајковиќ Нина Максимова

Loading...

Трилер драмата ”Жена од минатото” е работена според текст на Роланд Шимелфениг, германски автор, со актерска екипа во состав: Александра Пешевска Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ и Нина Максимова.

За актерите од Куманово, ова е прв пат да соработуваат со режисерката Витошевиќ, која соработката со Театар Куманово ја оцени како успешна, критикувајќи ги притоа условите во Театар Куманово.

– Да создаваш уметност во Македонија е многу тешка работа. Да се занимаваш со театар е како да си се осудил на мачење. Ова држава не ги обезбедува основните услови за работа, а кога зборам за услови, мислам на хигиена, финансии, организација, финансиска поддршка од Министерството за култура. Претставите ги правиме со многу мал буџет, и навикнати сме да се прилагодуваме на условите, вели Витошевиќ.

Актерот Марко Трајковиќ, кој доаѓа од Театар Куманово, од неодамна и вработен во кумановскиот театар вели дека одамна сакал да работи со режисерката Витошевиќ, и едвај чека да ја види реакцијата на кумановската јавност по одржаната премиера.

 

Loading...

Со оглед дека се работи за моја прва претстава, имам трема пред настапот, вели актерката Нина Максимова, која исто така од неодамна беше примена во Театар Куманово.

 

Јасмина Василева. актерка со подолг стаж во Театар Куманово, која на прес конференцијата се појави со порака ”Стоп за полициска бруталност”, смета претставата ”Жена од минатото”, може рамноправно да се натпреварува на било кој европски театарски фестивал.

Утрешната премиера е закажана за 20 часот, со билети пуштени во продажба по цена од 100 денари

 


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *