Театар Куманово утре премиерно со претставата „За кого бијат камбаните“

Сподели со своите пријатели

„За кого бијат камбаните“ е новата претстава чија премиера е закажана утре, а со која кумановскиот театар ќе го започне одбележувањето на 75-годишнината од своето постоење.

Loading...

Станува збор за претстава по текстот на Ернест Хемингвеј, а во режија на Мартин Кочовски.

– Од неколку проби што гледав, навистина целосно и комплетно емотивно се вклучија актерите, игра целата актерска екипа на Театар Куманово и гости од страна, рече директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски, кој ги повика кумановци утре да уживаат во претставата.

Режисерот Мартин Кочовски вели дека пред 20 години првата претстава ја направил во кумановскиот театар.

– Претставата е епска, грандиозна претстава. Зборува за светската тага, за длабокиот хуманизам за време на најлошите времиња и мислам дека ќе допре до публиката на секој начин, и емотивен, и возбудувачки, рече Кочовски.

Драматургот Лидија Митоска-Ѓорѓиевска вели дека не е лесна и едноставна задача, оти материјалот е обемен и комплексен, но работата вели дека не одела тешко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

– Хемингвеј многу ми значи и ми е интересен како автор, пред се поради тоа што во неговиот начин на изразување јас го гледам неговиот слободен дух, неговиот бунтовен светоглед и генијален хумор, изјави таа.

 

Loading...

 

Во претставата играат сите актери на кумановскиот театар: Александра Михајловска, Александра Пешевска, Антонио Димитриевски, Владо Дојчиноски, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Кети Дончевска-Илиќ, Мирослав Петковиќ, а како гости и надворешни соработници им се придружуваат и младите Мишо Димитријевски Шипе, Јанка Лефкова и Чедомир Митевски.

Актерката Кети Дончевска Илиќ вели дека е презадоволна од младите актери и соработници кои ќе работат со веќе искусната постава на Театар Куманово.

– Безрезервно влегоа во целиот овој процес, без никакви дилеми и сомневања и се подготвени да го истераат до крај и покрај сите предизвици. Им посакувам на младите многу вакви премиери и процеси затоа што само тоа се начините, особено за актерите, кога еден актер се гради и созрева, порача таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

За актерот Горан Илиќ ова ќе биде претстава со која ќе ја заокружи педесетгодишната актерска кариера пред своето пензионирање.

– Јас тврдам дека во животот не можеш да имаш повеќе од неколку големи енергетски нивоа. Кога си млад уште не си зрел и влегуваш храбро во многу големи ролји, потоа доаѓа период на дообразување, па почнуваш да се плашиш од тоа, па потоа стануваш позрел актер. Верувам дека вакви големи претстави се големо енергетско ниво кое му дава енергија на актерот и за следните ролји. Многу беше важно да се собере една голема екипа, голем режисер, за сите нас овде. Работиме во не баш театарски услови, нашиот театар се реновира, и мислам дека е многу важно за сите овие млади луѓе да се поддржуваат и сакаат затоа што театарот подразбира и приватно дружење, а не само дружење на сцена, вели Илиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

Младиот актер Чедомир Митевски ќе биде дел од тројцата гости во претставата како надворешни соработници на Театар Куманово. Вели дека е задоволен од целокупната работа досега.

Loading...

 

 

– За секој актер да работи роман и нешто вака поконкретно е предизвик. За мене беше навистина еден убав предизвик и се надевам дека луѓето ќе се задоволни со тоа што ќе го кажеме, додава тој.

Мишо Димитријевски Шипе исто така ќе биде гост во претставата, за кој вели дека е чест да се работи.

– Голема благодарност до театар Куманово и НУЦК „Трајко Прокопиев“ за честа што ми ја овозможија да научам, да поминам една авантура и да извадам една претстава, се надевам квалитетна, изјави Шипе.

Претставата ќе се игра на големата сцена на НУЦК „Трајко Прокопиев“ утревечер со почеток во 20 часот, по што следната недела ќе се одигра и првата реприза.

Никола Ивановски

Loading...