Едногодишно дете од Куманово затруено со детергент

Сподели со своите пријатели

Едногодишно дете затруено со детергент вчеравечер било примено во кумановската Општа болница.

– На 13.10.2026 во 21:32 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово e пријавено дека кај нив било донесено едногодишно дете, затруено од детергент, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медицинска опрема вредна 108 милиони денари пристигнува во Општата болница Куманово