Четириесетгодишен кумановец бил приведен ноќва по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга на која ѝ се заканувал и со остар предмет.
– На 14.10.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Д.(40) од кумановско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга дека физички ја нападнал и со остар предмет ѝ се заканувал, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

