Театар Куманово настапи на фестивал во Бугарија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово со претставата „Црвенкапа“ вечерва настапи на Фестивал на младите во Ловеч, Бугарија.

Loading...

Тоа е Фестивал на кој учестуваат млади уметници, актери и режисери од Бугарија и регионот.

– Најмладата публика уживаше во претставата и ја награди со голем аплауз. За претставата добивме признание за учество за одлична изведба на претставата, вели Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

 

 

Во претставата играат: Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Анастасија Величковиќ, Никица Јанковски и Матеј Стојковски.

Режијата е на Бојана Краљевска, сценографија на Крсто Богојевски и костимографија на Кети Пауновска Стевковска.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градежен работник од Куманово со тешки повреди завршил во болница

Актерката Александра Михајловска Величковиќ која ја игра Црвенкапа изрази голема благодарност до театарот во Ловеч и Фестивалот ,,Младите во театар” за нивната покана, гостопримството и прекрасната организација на гостувањето со ,,Црвенкапа”.

 

 

Ловеч е убаво мало градче со публика која со радост ги поздрави сите претстави и сите млади екипи кои што настапија. Се надеваме дека во иднина ќе имаме простор за поголема соработка со колегите од Ловеч, додава Михајловска.

Никола Ивановски