Таравари го разреши директорот на кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ненадејно го разреши директорот на Општа болница Куманово, Стефан Трајановски.

Loading...

Сочувство до семејството на починатиот 32-годишен Ведат Адеми. Пред да дојдам тука да изразам сочувство го прочитав извештајот што беше подготвен од Државниот републички санитарен инспекторат и во него може да се констатира многу лесно дека веќе има предуслови да речам, за да се разреши директорот на Општата болница во Куманово и пред да излезам од министерството директорот беше разрешен од таа позиција, изјави Таравари.

Како што вели, утре по консултации со колегите во Министерството ќе назначи нов директор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Правда за Кочани“: Мирниот собир во Куманово се префрли на улица (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

– Професонален тим од Министерството за здравство сега треба да дојдат и да ги разгледаат сите документи уште еднаш и потоа ќе бидат предадени во Обвинителство. Се надевам судсвото ќе донесе правична одлука, доколку постои лекарска грешка. Меѓутоа, треба да бидеме свесни дека и тие што водиме институции и тие што лекуваме пациенти, ако има некакви пропусти мора да се одговара, изјави министерот.

Министерот Таравари не сакаше да прецизира детали, но вели има индиции дека тој што ја организира работата во болницата требало да внимава.

Инаку, триесет и двегодишен пациент завчера починал ненадејно во Општа болница Куманово, откако дошол ден претходно поради стомачни тегоби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Додека Таравари даваше изјава неговото возило беше паркирано непрописно (ФОТО)

Во дел од медиумите се појави информација дека пациентот бил алергичен на одреден лек кој што му бил аплициран, но директорот на болницата Стефан Трајановски, вчера рече дека тоа е на ниво на шпекулации, а точно како настанала смртта ќе покаже истрагата.

Никола Ивановски

Loading...