Во преполната сала на Младинскиот Културен Центар, членките на танцовото студио ”Fusion” одржаа годишен концерт на кој беа изведени многу точки проследени со бурни овации на публиката.
[huge_it_gallery id=”73″]
Предводено од Сања Лазаревска, Бојана Додевска, Александра Петрушевска и Леона Стојчевска, танцовото студио покажа и го оправда своето постоење пред кумановската публика.
Основано во март 2013 година, танцовото студио со миксот на четирите различни личности, неисклучувајќи ги нивните различни гледишта на танцот и различните начини на истражување, е она што придонесува да се поместат границите на нивните креации и она што дава повеќе простор за растење на самото студио.
Петочниот концерт на танцовото студио е втор концерт од отворањето на студиото до денес.