Тајванската противвоздушна одбрана собори неидентификувано цивилно беспилотно летало кое денеска за првпат влезе во воздушен простор во близина на остров во близина на кинескиот брег, откако владата во Тајпеј најави дека ќе преземе тешки мерки за да се справи со зголемувањето на таквите упади, пренесува Ројтерс.
Одбранбената команда за Кинмен, група острови контролирани од Тајван спроти кинеските градови Ксиамен и Гуангжу, во соопштението објавено од тајванското Министерство за одбрана рече дека дронот денеска навлезе во ограничен воздушен простор над островот Лав.
Предупредувачки истрели
Војниците на островот се обиделе да го предупредат, но безуспешно, па го собориле и остатоците паднале во морето, се додава во соопштението на армијата.
Тајван истрела предупредувачки истрели кон беспилотно летало за прв пат во вторникот, набргу откако претседателот Цаи Инг-вен и нареди на војската да преземе „силни контрамерки“ против, како што таа ги нарече „кинески провокации“.
Обраќајќи им се на вооружените сили претходно денеска, Цаи рече дека Кина продолжува да користи напади со беспилотни летала и други тактики на „сивата зона“ за да се обиде да го заплаши Тајван, соопшти нејзиниот кабинет.
Таа повтори дека Тајван нема да предизвика конфликт, но дека тоа не значи дека тие ќе не преземаат контрамерки, се додава во соопштението.
Пекинг, кој тврди дека Тајван е негова територија, организираше воени вежби околу островот на почетокот на август како одговор на посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.