Тајван: Влегувањето на кинески авиони и дронови во нашиот простор ќе го сметаме за напад

Сподели со своите пријатели

Тајван ќе ги третира кинеските воени летови во својот воздушен простор како напад, изјави тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-Ченг, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

Чиу не прецизираше како Тајпеј ќе одговори доколку авионот на Народноослободителната армија ја прекрши територијалната граница, дефинирана како 12 наутички милји (22,2 километри) од брегот на островот.

„Порано велевме дека нема да удриме први, што значеше дека нема да го испукаме првиот истрел без (Кина) прво да истрела артилериски гранати или проектили. Меѓутоа, сега дефиницијата очигледно е променета, бидејќи Кина користеше средства како беспилотни летала. Затоа, ние се адаптиравме и ќе го сметаме секое преминување на воздушни ентитети (во територијалниот воздушен простор на Тајван) како напад“, рече Чиу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Претходно оваа година, тајванскиот претседател Цаи Инг-вен рече дека војската на островот ќе преземе „неопходни и силни контрамерки колку што е потребно“ против, како што ја нарече, тактиката на војување на кинеската сива зона, вклучително и „малтретирање со беспилотни летала“.

Си Џинпинг: Обединувањето на Кина и Тајван е неизбежно

„Нема да и дадеме изговор на Кина да создаде конфликт. Нема да предизвикуваме спорови и ќе бидеме воздржани, но тоа не значи дека нема да дејствуваме“, рече Цаи.

Кинескиот лидер Си Џинпинг изјави дека „повторното обединување“ на Кина и Тајван е неизбежно и не ја отфрли употребата на сила.

Тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј се на највисоко ниво во последните децении, а кинеската војска одржува големи воени вежби во близина на островот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

По посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на Тајван на почетокот на август, Кина ја зголеми тактиката на воен притисок на островот, испраќајќи борбени авиони преку средната линија на Тајванскиот теснец.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.