Тајван: Рекордни трошоци за одбраната следната година

Сподели со своите пријатели

Властите во Тајпеј предложија зголемување на буџетот за одбрана, со зголемување од 12,9 отсто во споредба со претходната година на 13,72 милијарди долари, во време кога растат тензиите на Тајван со Кина, која ги зголеми своите воени активности во близина на островот, пренесува Ројтерс.

Loading...

Покрај оваа сума, владата на чело со претседателот Цаи Инг-Вен предлага уште 3,5 милијарди долари за борбени авиони и друга опрема.

Предлог-буџетот, кој е рекорд и мора да биде одобрен од парламентот, претставува шеста година по ред на раст на трошоците за одбрана од 2017 година, според Ројтерс.

Пекинг не ја отфрли употребата на сила за да го стави островот под своја контрола, додека Тајпеј ги отфрла кинеските претензии за суверенитет.

Кина ги спроведе своите најголеми воени вежби околу островот претходно овој месец, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, според британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.