Тајван: Годинава мора да бидеме на готовност за евентуален кинески влез

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана на Тајван Чиу Куо-ченг предупреди денеска дека Тајпеј мора да биде во состојба на готовност оваа година поради можноста за, како што рече, „ненадеен влез“ на кинеската војска во област во близина на територијата на островот.

Loading...

Одговарајќи на прашања од членовите на парламентот, Чиу рече дека Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) може да најде изговори за да влезе во области во близина на Тајван.

Пекинг прави такви подготовки, рече Чиу, пренесе Ројтерс.

Тајван најави дека ќе го искористи правото на самоодбрана и контранапад доколку кинеските вооружени сили влезат на територијата на островот.

Кина, која го смета Тајван за своја територија, не ја отфрли можноста да употреби сила за да го стави Тајван под своја контрола, доколку е потребно.

Кина ги засили воените активности во близина на Тајван

Во последниве години, вклучувајќи ги и речиси секојдневните упади на воздухопловните сили во зоната за идентификација на воздушната одбрана на островот.

Сепак, Тајван сè уште нема пријавено никаков инцидент на влегување на кинеските сили во територијалните води на Тајван, потсетува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...