Тајланд: Во пожар во паб загинаа 13 лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени кога избувнал пожар во преполн паб во источен Тајланд, соопштија полицијата и спасувачките работници.

Loading...

Според АП, видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како луѓе бегаат од пабот додека од зградата излегува густ чад, а потоа излезот низ кој бегале луѓето одеднаш го зафатил пожар.

Може да се види и дека на некои луѓе им горела облеката додека бегале од пабот.

Причината за пожарот во областа Сатахип во провинцијата Чонбури, на околу 160 километри од Бангкок, сѐ уште се истражува, изјави началникот на провинциската полиција Атасит Кијахан.

Сопственикот на објектот и персоналот дале изјава во полициска станица, а полицијата прибира докази од местото на несреќата.

Неколку очевидци опишаа дека прво виделе чад и оган на таванот, а потоа и звук на експлозија.

 

Loading...