Во Појасот Газа успешно е завршена првата фаза од вакцинацијата против детска парализа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Акцијата овозможи речиси 200.000 деца на палестинска територија да ја примат првата доза од вакцината, пренесува AFP.
Болеста се прошири во Појасот Газа, каде што повеќето од неговите 2,4 милиони жители беа принудени да ги напуштат своите домови поради израелската воена офанзива започната како одговор на нападот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година.
По откривањето на првиот случај на детска парализа во Газа по 25 години, вакцинацијата започна благодарение на „хуманитарните паузи“ во борбите.
СЗО наведува дека целта е да се вакцинираат повеќе од 640.000 деца во Појасот Газа.