Светската здравствена организација (СЗО) се сомнева дека бројот на заразени со мајмунски сипаници се зголемува незабележано со месеци, а можеби и со години.
Тие денеска соопштија дека 550 лица во 30 земји во светот ја имаат оваа заразна болест.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека има индикации дека вирусот досега незабележано се проширил надвор од Западна и Централна Африка, области каде жителите се најмногу погодени.
Др. Розамунд Левис (Луис) од СЗО истакна дека постои можност тоа да е така со месеци, а можеби и со години.
Таа истакна дека од клучно значење е да се следат контактите на заразените и да се изолираат заразените за да се спречи ширењето на мајмуните сипаници.
Гебрејесус повтори дека хомосексуалците се претежно заразени и потсети дека вирусот може да се пренесе преку физички контакт.
Тој апелираше до јавноста да не ги стигматизира заразените. Досега нема регистрирано смртни случаи меѓу заразените во Северна Америка и Европа, јавува CNBC.
Тоа е најголемото ширење на мајмунски сипаници надвор од Африка, првенствено во Обединетото Кралство, Шпанија и Португалија.
Симптомите вклучуваат треска, главоболка, оток, болки во мускулите, исцрпеност, осип и лезии со чешање, главно на лицето, рацете и стапалата, јавува Би-Би-Си.