СЗО: Бројот на нови случаи намален за речиси четвртина

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на пријавени нови случаи на корона вирус ширум светот се намалил за речиси една четвртина минатата недела, јавува денеска Асошиетед прес.

Loading...

Здравствената агенција на Обединетите нации, со седиште во Женева, во неделен извештај наведе дека во периодот од 11 до 17 април биле пријавени речиси 5,59 милиони случаи, или 24 отсто помалку од претходната недела.

Бројот на новопријавените смртни случаи падна за 21 отсто на 18.215.

Бројот на нови случаи е намален во сите региони, но за само два отсто во САД, соопшти СЗО.

 

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

 

Агенцијата забележа дека овие „трендови треба да се толкуваат со претпазливост, бидејќи неколку земји прогресивно ги менуваат своите стратегии за тестирање на корона вирусот, што резултира со помалку извршени вкупни тестови и, следствено, помалку откриени случаи“.

Loading...

Земјите со најголем пријавен број случаи минатата недела се Јужна Кореја со повеќе од 972.000, Франција со повеќе од 827.000 и Германија со повеќе од 769.000, соопшти СЗО.

Најголем број нови смртни случаи забележаа САД со 3.076, Русија со 1.784 и Јужна Кореја со 1.671.

До денес, пријавени се повеќе од 502 милиони случаи на ковид-19 и скоро 6,2 милиони смртни случаи поврзани со корона.