СЗО: Болницата Ал-Шифа претворена во гробница

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека болницата Ал-Шифа, најголемата во градот Газа, речиси е претворена во гробница.

Loading...

Како што наведоа, околу болницата има тела кои не можат да се однесат во мртовечници или да се закопаат.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, изјави дека околу 600 луѓе останале во болница, пренесува Би-би-си.

Директорот на болницата Мохамед Абу Селмија изјави дека поради тоа што израелските власти се уште не дале дозвола телата да бидат транспортирани од болницата за погреб, кучињата влегле во болницата и почнале да ги јадат лешовите.

Селмија изјави дека седум предвремено родени бебиња починале поради недостиг на кислород, бидејќи инкубаторите не работеле поради прекин на струја.

Марк Регев, висок советник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тврди дека Израел нуди практични решенија за евакуација на бебињата и го обвинува Хамас дека не ги прифаќа предлозите.

Болницата Ал-Шифа е на првата линија на интензивни борби во последните неколку дена.

Другите болници низ Појасот Газа се исто така без струја и снабдување, поради борбите и блокадата што ја наметна Израел врз палестинската енклава откако Хамас ги почна нападите врз Израел на 7 октомври.

Loading...