Светска банка: Дополнителни 500 милиони долари помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Светската банка денеска објави дека исплатила дополнителни 500 милиони долари за да ѝ помогне на Украина да ги исполни итните потреби за трошоци предизвикани од тековната војна.

Loading...

Се вели дека финансирањето од Меѓународната банка за обнова и развој, главната рака на банката, е поддржано со гаранција за заем од 500 милиони долари од Велика Британија објавена на 30 септември, објави Ројтерс.

„Руската инвазија продолжува да предизвикува масовно уништување на инфраструктурата на Украина – вклучително и водоводната, канализационата и електричната мрежа – токму кога се приближува зимата, дополнително загрозувајќи го украинскиот народ“, рече претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимписките игри, еве што им одговори Кремљ

Според информациите, новиот дел од средствата што беа исплатени денеска ќе се користи за одржување на државните служби.

„Ние цврсто го поддржуваме украинскиот народ додека се соочува со оваа криза без преседан“, се вели во соопштението.

Светската банка мобилизираше вкупно 13 милијарди долари вонредно финансирање за Украина, од кои 11,4 милијарди долари се целосно исплатени.

Во извештајот објавен во септември од Светската банка, Европската комисија и владата во Киев, се наведува дека рускиот напад предизвикал преку 97 милијарди долари директна штета до 1 јуни, а обновата на Украина може да чини речиси 350 милијарди долари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...