Свечено одбележан Денот на Свети Сава во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Свечена Светосавска Академија во организација на Српски културен центар, претседателот на Република Србија и Владата на Република Северна Македонија во чест на одбележувањето на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во нашата земја, се одржа вчеравечер во Занаетчиски дом – Куманово.

Loading...

 

 

Пригодната изведба на „Светосавска беседа” во интерпретација на српскиот колумнист, публицист и професор Драгослав Бокан, настапот на актерите од Српско народно позориште со делото „Мудрите чувари на минатото” и настапот на учениците кои посетуваат настава на српски јазик со изведба на делото „На изворот на Свети Сава”, беа дел од свечената културно – уметничка програма на оваа реномирана традиционална манифестација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

 

Loading...

На сцената настапија и еминентни музички изведувачи, оперскиот пејач Оливер Њего во придружба на оркестарот „Станислав Бинички” – уметнички ансамбл на Министерството за одбрана на Република Србија, „Српско духовно творештво” и „Српски вез”, културно – уметничко друштво за негување на српската традиција во Македонија со „Песни и игри од Пчиња”.

 

 

Со пригодна културна – уметничка програма членовите на КУД „Српски вез”од нашиот град, во чест на празникот беа домаќини на делегација составена од високи државници од земјите гости и претставници од Општина Куманово, предводени од градоначалникот Димитриевски, пред почетокот на свечената академија во Занаетчиски дом.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

 

Loading...

Пред многубројната публика и присутните гости од повеќе земји, високи државни претставници, меѓу кои потпретседател на Влада и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ, амбасадор на РС во РСМ, Невена Јовановиќ, претставникот од одбрана на РС, воен аташе Вујица Вукобратов, државници од Република Српска, пратеникот во Собранието на РСМ, Иван Стојиљковиќ и претставници од општинската администрација, се обрати Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој упати честитка по повод големиот правослaвен празник Св.Сава, потенцирајќи ја нераскинливата нишка која ги поврзува Србите и Македонците, со желба за успешно продолжување и негување на традицијата на меѓусебно почитување, поддршка и соработка меѓу братските народи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово