Извештаите од полско-украинската граница го потврдуваат прекинот на американските испораки на вооружените сили на Украина, изјави полскиот премиер Доналд Туск.
САД ја прекинаа испораката на воена помош за Украина преку логистичкиот центар на аеродромот Јасионки во Жешов, Полска, потврди премиерот.
Како што рече пред почетокот на владината седница, нема причина да се мисли дека изјавите на американската страна се само празни зборови.
„Ова, се разбира, ги става Европа, Украина и Полска во потешка ситуација, но мора да ја надминеме“, оцени премиерот.
Според него, ситуацијата е сериозна и бара посебен фокус од Владата.
Жешов е центар за испорака на оружје и хуманитарна помош за Киев од земјите на ЕУ и САД.
Главниот прилив на странска воена помош минува преку аеродромот Жешов-Јасионка.
Како што објави Блумберг, аеродромот прима до 90 отсто од воениот товар наменет за Украина и исто така е главна транзитна точка за странските претставници кои патуваат во Киев.
Фокс њуз, цитирајќи висок функционер во Белата куќа, објави дека САД ја суспендираат сета воена помош за Украина додека американскиот претседател Доналд Трамп не се увери дека Киев е посветен на мировните преговори.
Самиот Трамп претходно одби да даде јасен одговор на прашањето за натамошна воена помош за Украина, истакнувајќи дека ситуацијата во оваа сфера брзо се менува, пренесува Спутник.
Американскиот претседател истакна дека итно постигнување мир останува негов клучен приоритет.