Сугарески и Димитриевски доделија решенија за легализација на дивоградбите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска добија триесетина кумановци кои лично им ги врачи министерот за транпосрт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Досега над 18.000 барања биле поднесени од физички и правници лица во Куманово за легализација на дивозиградени објекти, а на ниво на државата биле издадени вкупно 200.000 решенија.

– Би сакал да апелирам до сите граѓани на нашата општина кои согласно законот ги испуштија роковите да поднесат потполни документи од почетокот на оваа година се дава можнсот да се поднесат нови барања за сите оние решенија кој поради технички недостатоци на непотполни барања поднесени, а беа одбени со решенија, можат повторно да поднесат барања за легализација, рече Димитриевски.

Loading...

Во следниот период општината ќе се бори против сите дивозиградени објекти кои ќе се градат на подрачјето на Куманово.

– Општината е должна да постапува согласно позитивните законски прописи, таму каде секоја дивоградба ќе биде лоцирана и фатена во почетна фаза на градба секако ќе се излезе на терен ќе се утврди и ќе се задолжи сосптвеникот на објектот да постапи согласно законот, ние сме тука за да градиме, а не да рушиме, а позитивниот тренд на Владата и генерално во државата имаме намера да го задржиме, додаде Димитриевски.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕОФИЦИЈАЛНО: Димитриевски победи во Куманово

 

Во својата изјава за медумите Сугарески акцент стави на средбата која ја имал со првиот човек на Куманово, на која се разговарало за проектите поврзани со водоводна и канализациона мрежа, како и патната инфраструктура. Според првиот човек на министерството за транпосрт и врски, Куманово од Европската инвестициска банка на располагање има 1,5 милиони евра за различни проекти кои треба да ги искористи годинава.

– Во план на Валдата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски е да во овој кумановски регион бидат изградени поголем дел патишта во делот на патната инфраструктура се планираат некаде околу 70 милиони евра, станува збор за дел експресни патишта, дел за реконструкција на патишта кои се однесуваат до поврзаноста и со Република Бугарија. Конкретно Ранковце – Крива Паланка што треба да се прави и продолжување до Деве Баир, продолжување на патишта во делот на поврзаноста со Опае и Никуштак, така да во овој период имаме силна активност поврзана со овој регион, додаде Сугарески.

Министерот Сугарески потенцираше дека сите расположливи средства од Европската инвестициска банка ќе бидат искористени, а за таа цел очекува и поддршка од локалната самоуправа.

Leave a Reply