Судар на два борбени авиони во Франција: Загинаа пилотот и неговиот ученик

Сподели со своите пријатели

Двајца француски пилоти загинаа во средата (14-ти август) откако нивните авиони Рафал се судрија во воздух во источна Франција во ретка несреќа во која учествуваше најсовремен воен авион.

Loading...

Емануел Макрон, претседателот на Франција, во своето обраќање на платформата Х рече дека „еден пилот се катапултирал по падот над североисточна Франција и дека властите веднаш започнале потрага по исчезнатиот инструктор и пилотот кој бил на обука на другиот авион, пренесува The Guardian.

Несреќи со борбени авиони се ретки, а авионите Рафал, како едни од најмодерните, се користат за лов на непријателски авиони, па дури и за носење француски нуклеарни боеви глави.

Тој е еден од најпродаваните авиони во светот.

Очевидци на настанот велат дека „чуле силен звук, околу 12:30 часот“, наведувајќи дека „не бил вообичаен звук на авион кој ја пробива звучната бариера, туку чуден, ударен звук“, што ги навело да претпостават тие два авиони, но сè уште не можеа да поверуваат.

Претходно, претседателот на Франција, Макрон ги повика одбранбените производители да го зголемат производството и иновациите, поради зголемената понуда на оружје за поддршка на Украина, која се бори против руската инвазија, а влегува во третата година од војната.