Двајца студенти, обвинети се за предизвикување голем шумски пожар во италијанската регија Комо, а казнети се со неверојатни 13,5 милиони евра.
Момчињата на 22-годишна возраст, подготвувале скара во двор на викендица на 30ти декември минатата година, кога избил пожарот.
Високиот износ на казната за двајцата стуенти ја одредиле локалните власти, врз основа на проценетата штета предизвиката од пожарот.
Еден од студентите за италијанскит емедиуми изјавил дека тие испаднале „жртвени јагниња“ за пожарот.
Во разговор со новинарите од италијанското списание Ла Стампа, еден од студентите изјавил дека му е многу жал, но дека постојат многу различни причини за пожарот.
– Ние сме жртвени јагниња за пожарот кој не може да се објасни. Ние сме вистински жртви на оваа приказна. Веднаш повикавме пожарникари и се обидовме да го изгаснеме пожарот, рекол тој.
Обвинителите го следеле трагот на огнот до дворот на викендичката и наведуваат дека жар од скарата предизвикал пожар, а исклучително сувиот воздух допринел за ширењето.
Две момчиња се прогласени за виновни заедно со сопственикот на викендичката, дедо на еден од студентите.
Пожарот траел неколку дена, а изгореле 1.000 хектари шума од Монте Берлингеро, а околу 100 хектари биле целосно уништени.
Казната од 13.542.000 евра ја одредила шумската полиција, користејќи се со формула која ја одредуваат локалните закони, пишува ВВС на шпански јазик.
Ла Стампа пишува дека казната се пресметува по системот од 118 до 593 евра по квадратен метар. Пожарот зафатил површина од 6.840 квадратни метри.
Адвокатката на обвинетите на новинарите им рекла дека секоја казна треба да има смисла.
– Која е поентата да се донесе пресуда ако однапред знаеме дека двете момчиња, студенти, не можат да платат толкав износ, навела таа.
Сепак, обвинителот за локалниот весник Џорно Комо изјавил дека казната е порака дека мора да се однесуваат поодговорно кон природата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека студентите би можеле да ги чекаат и одвоени тужви на сопствениците на околните куќи кои биле оштетени во пожарот.
Фото: Пиксабеј