Стремусов: Украинските сили претрпеа големи загуби

Сподели со своите пријатели

Украинските сили претрпеа големи загуби, а нивниот обид за пробивање на одбраната кај Снигирјовка во областа Херсон беше одбиен, тврди денеска Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната администрација на регионот Херсон.

Loading...

„Неонацистичките Украинци се обидоа да ја пробијат одбраната кај Снигирјовка, но не успеаја. Неонацистичките сили претрпеа големи загуби“, напиша Стремусов на Телеграм, пренесува агенцијата ТАС С.

Според него, Украинците концентрираат дополнителни сили „за да ги исполнат наредбите на колективниот Запад“.

Стремусов изјави дека украинските сили се обидуваат да навлезат насекаде во Херсонската област и дека странските платеници се вклучени во обидите за украинска офанзива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.