СТРАШНА ГЛЕТКА: Руските сили „срамниле“ со земја украински град (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Според податоците од 2015 година, во украинскиот град Маринка живееле над 10.000 луѓе, но од почетокот на ноември 2022 година во него нема повеќе цивили.

Loading...

Руската армија објави фотографии од окупираниот украински град Маринка во областа Доњецк, кој беше целосно уништен за време на војната.

Корисниците на социјалните мрежи, но и украинските власти бурно реагираа на воздушните истрели над градот Маринка.

 

 

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот, истакна дека Маринка била жива и напредувала пред војната.

„Ова е украинскиот град Маринка во регионот Доњецк. Беше мирен град. Беше… Се додека руските криминалци целосно не го уништија. Зголемете ја фотографијата за да видите како ништо не остана“, напиша украинското Министерство за надворешни работи.

Loading...

„Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој освен војници. Нема начин цивилното население да живее таму. Руските сили намерно ги израмнуваат урнатините во градот со цел да ги уништат сите засолништа, без разлика дали тоа е цивилно засолниште или воен објект. Уништуваат сè затоа што со својата тактика не можат да ги победат нашите војници. Затоа уништуваат се живо“, изјави началникот на полицијата во Маринка, Артем Шус.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.