Столе Димитриевски на прием во Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Репрезентативецот Столе Димитриевски денеска беше во посета на Општина Куманово каде оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

– Денес во мојот кабинет имав многу пријатна средба со голманот на сениорската македонска фудбалска репрезентација, нашиот кумановски бисер – Столе Димитриевски.  Тој од летово е член на фудбалскиот клуб Валенсија, а претходно ги бранеше боите на Рајо Ваљекано, Гимнастик, Гранада, Кадиз, Работнички, Македонија ЃП, а своите почетоци ги имаше во кумановскиот клуб Куманово Еуроспорт. За репрезентацијата на Македонија брани од 2015 година и има преку 70 настапи, меѓу другото и ги бранеше боите на Македонија и на ЕП 2020 година, потести градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 800 парчиња пиротехника пронајдени кај жител на Матејче

 

 

Loading...

Првиот човек на куманово му додели и подарок на македонскиот репрезентативец и упати пофални зборови.

 

 

– Ти благодарам Столе од се срце што си наш кумановски и македонски амбасадор, додаде градоначалникот Димитриевски.

 

Никола Ивановски

Loading...