Стејт департмент: Го поддржуваме брзиот влез на Шведска и Финска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс денеска изјави дека САД го поддржуваат брзиот влез на Финска и Шведска во НАТО, откако Хелсинки објави дека трилатералните разговори со Турција за барањето на Финска и Шведска да се приклучат на воената алијанса се ставени во мирување.

Loading...

Прајс на прес-конференцијата постојано беше прашаuvan за позицијата на Вашингтон за пристапот на Финска без Шведска, но одби да коментира за, како што рече, „хипотетички“, а не „актуелно прашање“.

„Ова отсекогаш била дискусија за Финска и Шведска… преминување од сојуз со 28 во сојуз со 30. Тоа е она што сакаме да го видиме“, рече Прајс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во понеделникот дека Шведска не треба да очекува поддршка од неговата земја, откако викендов на протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм беше запалена копија од Куранот.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска изјави дека е потребна неколкунеделна пауза во разговорите меѓу Финска, Шведска и Турција во врска со плановите на двете нордиски земји да се приклучат на НАТО.