Романскиот политичар и советник на социјалдемократите се посрамоти на средбата на која учествуваше онлајн од дома, гол и мокар директно од туш.
Романскиот политичар Алберто Јосиф Карајан стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео од состанокот на одборот на кој тој присуствуваше од дома поради болест.
Кога претседавачот го покани да се придружи на состанокот, овој социјалдемократски советник се појави на видеото влажен и како од мајка роден, директно од тушот во неговата бања.
Тоа предизвика смеа кај присутните на седницата, а претседавачката тешко се воздржуваше.
Карајан неуспешно се обидувал да ја исклучи камерата која очигледно по грешка се вклучила, но рацете му биле мокри.
„Не можам да ја спуштам слушалката, не можам да ја спуштам! Извини, настинав, но не знам како да ја прекинам врската“, вознемирено повторил тој, пренесуваат медиумите.
Тој потоа повторно се појави на состанокот пристојно облечен, но поради непредвиден гаф стана ѕвезда на светските медиуми и социјалните мрежи.
🤡 Alberto Josef Karaian, a politician from #Romania walks into online council meeting naked from shower 😂 pic.twitter.com/BMcyEqGEmI
— Farnak (@Farnakyboy) February 25, 2023