Мостот од стакло висок 120 метри на работ на една карпа на југозападот на Кина влезе во Гинисовата книга на рекорди како мост без поддршка затоа што е поврзан само со кабли, пренесуваат кинеските медиуми.
Мостот долг скоро 70 метри во општината Чонгчин може да прими најмногу 30 лица, а свечено е отворен на 1ви април.
Кинезите привлекуваат туристи со стаклените мостови. Во таа земја минатата година за јавноста е отворен најдолгиот стаклен мост кој бил и инспирација за американскиот научно-фантастичен филм „Аватар“ на режисерот Џејмс Камерон.