Стабилизација на времето кон крајот на работната недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што додаваат од таму, од утре следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во опаѓање.

За време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

Leave a Reply