Српскиот пејач и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид удрил во 49-годишната жена од Куманово која вчера загина на автопатот кон Табановце.
Ѓорѓе самиот потврди дека учествувал во несреќата.
„Точно е, се случи несреќа синоќа на третиот километар од македонската граница. Наводно девојка и нејзината сопатничка излегле од своето место и влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетува на автомобил и директно се сурида со него. Во таа прилика возачот на автомобилот во кој удрила е тешко повреден, а се борат за неговиот живот, додека неговиот сопатник е полесно повреден. Девојката која го возела автомобилот и удрила во неговиот е нагмечена и полесно повредена. Но, нејзината сопатничка не е“, раскажува Давид.
„По несреќата тие останале на автопатот, еден на левата, а другиот на десната страна и минута и пол потоа јас налетувам со брзина која е пропишана со знаци на автопатот и удирам директно во нив. Со мојот автомобил ја удирам сопатничката која шеташе по автопатот. Имаше магла, запалив долги светла и тоа беше секунда. Налетав на тоа лице кое шеташе по патот. Од јачината на ударот скршнав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа е што имам јак автомобил, инаку не знам што ќе беше со мене“.
Ѓорѓе вели дека полицијата дошла брзо на увид, и дека му се направени сите прегледи со кои потврдиле дека не бил во алкохолизирана состојба.
„Бев во автомобилот. Ми зедоа урин, крв да видат дали имам некои супстанци, алкохол. Секако, немав, и тоа го утврдија веднаш. Потоа ме одведоа кај јавен обвинител, кој рече дека во овој случај не сум виновен. Виновна е девојката која возела и која наводно во автомобилот била со мајка ѝ, која настрада“, вели Ѓорѓе и додава дека за сега останува во Македонија за да ја испочитува процедурата во вакви случаи.
„Мора да бидам овде. Ме очекува уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството, нема да одам во притвор затоа што немам вина“, вели Ѓорѓе.
И самиот тој е полесно повреден во несреќата.
View this post on Instagram