На социјалните мрежи се шири видео кое беше создадено за време на вчерашниот протест во Нов Белград, кога жителите протестираа против планираната изградба на хотел, голем пазар и кафуле веднаш до станбена зграда, пишува N1 Србија.
На протестот интервенираше и полицијата.
На видеата се гледа како полицијата приведува маж, најверојатно еден од учесниците на протестот.
Но додека полицајците се расправаа со насобраните граѓани кои протестирале, истиот човек излезе од полициското возило низ друга врата.
После тоа, мажот повторно им пришол на полицајците додека идентификувале друг учесник во протестот, но тие воопшто не забележале дека се работи за истиот човек.
Blok 4 dokle bre ???? pic.twitter.com/o0keHRNv38
— Nemiposmatrač 🇷🇸🇧🇷🇺🇲 (@mavkoo) April 8, 2025