Средношколците масовно на улиците со протест во 17 часот

Сподели со своите пријатели

Средношколците сепак ќе излезат на улиците во Скопје, објави на својата Фејсбук фан страна, членовите на Средношколскиот Пленум по најавите дека поради безбедносни причини, протестот за денес ќе биде откажан.

Loading...

Средношколскиот Пленум повика на протест во 17 часот пред Министерството за безобразност и зло ќе биде оддржан, напиша Пленумот на Фејсбук пред неполн половина час.

”Евентот беше откажан од безбедносни причини и тоа не треба да претставува наше откажување.
Соученици ве чекаме во 17 часот СО УНИФОРМА ВО РАКА да се собереме и да им укажеме на луѓето кои сепак оставаат средношколци да спијат на улица покрај тоа што се случува низ скопските улици дека немаме намера да се откажеме. Со униформите ќе им покажеме дека одбиваме да бидеме експериментални глувци на министри НЕСПОСОБНИ да си ја вршат својата работа.
Одиме погласно од било кога!

ТЕК ДЕНЕС ЌЕ НЕ ЧУЈАТ!, напиша Пленумот на социјалните мрежи. 

Leave a Reply