Средношколците дебатираа за иселувањето на младите од Македонија (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кумановските средношколци денеска во Гимназијата „Гоце Делчев“ организираа јавна дебата на тема: „Иселувањето на младите од Република Македонија“ на која ги истакнаа сите свои ставови и мислења за овој се повеќе актуелен проблем.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”312″]

 

Дебатата ја организираа учениците од Дебатниот клуб при гимназијата кој од неодамна е формиран со цел младите да го искажат својот став и мислење на темите кои ги засегаат и е надовр од програмската шема.

Денеска конкретно тема беше иселувањето на младите од Република Македонија, причините за тоа ислеување, исто така пробавме да побараме солуции и начини како тоа да се спречи или ако веќе не може да се спречи барем да се намали тој процент и тој интензитет на иселување на младите од Република Македонија. Ќе се трудиме како Дебатен клуб да работиме на овие дебати да ги прошириме низ другите школи низ Куманово, значи тоа да биде едно глобално добро каде што младите ќе има што да кажат, каде да кажат и кој да ги слушне, така да би сакал и би апелирал и до другите училишта на вакви настани да испратат млади луѓе кои знаат и сакаат да дебатираат. – вели Игор Пешевски член на дебатниот клуб при Гимназијата „Гоце Делчев“.

 

Според Марија Милановска, ученичка во гимназијата среќата не се бара со пасошот во рака, затоа што тука има основа и цврсто тло кое треба да се надогради.

Ова не е во наставната програма, затоа што наставната програма реално не ни дозволува вакви собирања и не ни наметнува вакви собирања. Се е ова на иницијатива на младите слободоумни ученици, кои се толку талентирани и имаат многу идеи што сакаат да ги искажат, а немаат каде – изјави Милановска.

 

Според гимназијалецот Никола Крстевски најчести причини за иселувањето се економските причини, но и иселување во потрага за подобро образование.

Видовме дека гимназијалците од Куманово има што да кажат. Имаат ентузијазам во себе, здрав механизам на рамзислување, така да сметам дека и во иднина за вакви дебати кои ќе ги организираме, а и во животот ќе бидат на некој начин спремни, ова на некој начин е собирање искуство за понатаму – додава Крстевски.

Loading...

 

На дебатата заедно со учениците учество зедоа и дел од наставниците, а мислењата за миграцијата беа поделени.