Агава, билката која се користи за правење текила, соржи супстанци кои ја подобруваат апсорпцијата на калциум и магнезиум. Двата минерали се основа за здрави коски.
Во студијата, која ја спровел Центарот за истражување и напредни студии во Мексико, глубците конзумирале шеќер од сина агава и произвеле скоро 50% повеќе остеокалцини, протеин чие присуство е неопходно за производство на нови коски.
Тиквичките ги јакнат коските и го намалуваат притисокот
Дијаметарот на нивните коски се зголемил по осум недели конзумирање. Лекарот Мерцедес Лопез, предводник на проектот, вели дека ефектите се последиците на интеракција со шеќерот и бактериите во цревата. Тоа овозможило на молекулите на шеќерот да ги врзат хранливите материјали и да помогнат во нивниот транспорт до коскените клетки.
Потрошувачката на шеќерот од агава во соработка со бактериите во цревата помага во создавањето нови коски дури и со присуство на остеопороза – наведува Лопез.
Пливањето ја зголемува густината на коските и мускулите
Овие резултати отвараат можност за развој на алтернативни третпани за остеопорозата, болест која погаѓа околу 200 милиони луѓе ширум светот.
Текилата, инаку и претходно била истканувана поради позитивното влијание врз здравјет, со оглед дека помага во намалвање на нивото на пеќер во крв, губење на килограми како и во бобрата со холестеролот.