Според експертите ова е најубавата позната жена во светот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Актерката Џоди Комер е најубавата славна личност на светот, според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон.

Loading...

Хирургот дошол до својот заклучок користејќи го „златниот пресек“, математичка равенка која први ја смислиле Грците во обид да ја измерат убавината.

 

 

Претпоставката е дека колку се поблиску пропорциите на лицето или телото до 1,618 (Phi), толку тие стануваат поубави.

„Се покажа дека има најдобри отчитувања за положбата на носот и усните со резултат од 98,7 отсто, што е само 1,3 од совршената форма“, изјави Де Силва за Дејли Мејл.

 

Loading...

 

Џоди, исто така, имала најдобар резултат што се однесува до ширината и должината на носот, а биа блиску до врвот во однос на обликот на усните и положбата на очите“, рече тој, додавајќи дека најлошиот резултат биле нејзините веѓи. Имале „само 88%“, што е неговиот вкупен процент намален на 94,52%.

 

 

Второто место го зазеде Зендаја (94,37%), а третото Бела Хадид (94,35%), жената за која претходно се тврдеше дека го има најсовршеното лице на светот.

Четврта е Бијонсе (92,44%), а петта е Аријана Гранде (91,81%).

Loading...

Ким Кардашијан (91,28%) се најде на осмото место.

Како што коментираат многумина, титулата конечно ја понесе жена со природна убавина.

 

 

Де Силва со години го користи овој метод на познати лица.

„Овие нови техники ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што ги прави луѓето физички убави. Оваа технологија е корисна и за планирање на операциите на пациентите“, објасни тој претходно.

29-годишната Џоди Комер е британска актерка која се прослави со улогата на Виланела во серијата „Killing Eve“.

Loading...

Во изминатите неколку години таа стана една од најбараните нови актерки.

 

 

Во 2019 година, таа освои Еми за извонредна главна женска улога во драмска серија (во Killing Eve). Истата година ја освои и наградата БАФТА.

По првата сезона на Killing Eve, таа почна да привлекува се повеќе и повеќе внимание на јавноста, а во 2018 година беше прогласена за една од „највлијателните девојки во светот“, а една година подоцна беше на листата на Форбс за највлијателни луѓе под 30 години.

Loading...