Спорадични случаи на заболени од Ковид во Куманово

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово бележи неколку спорадични случаи на заболени од Ковид, соопштија лекарите од здравствената установа.

Loading...

Оттаму велат дека случаите се евидентирани до епидемиолошката служба, а потоа и до Институтот за јавно здравје.

– Во периодот од први август до 14 ти детектирани се осум случаи. Станува збор за мала бројка на заболени, пред амбулантски пациенти, испратени од матичните лекари, еден-двајца од општата болница, изјави примариус д-р, Весна Стефановска, специјалист по микробиологија.

Центарот за јавно здравје Куманово располага со доволен број тестови. Според лекарите, дел од повозрасните, хронично болните лица ги почитуваат препораките на комисијата, носат маски во болницата и онаму каде што има поголема фреквенција на луѓе.

– Гледам пациенти кои повеќе пати се заболени од некое хронично заболување си носат маски постојано, така што може исто така во превозните средства, автобусите, луѓето повеќето од нив се дисциплинирани и си го чуваат своето здравје, вели др. Стефановска.

МИА