СОВЕТИ ОД ПРИВАТЕН ДЕТЕКТИВ: Дали партнерот ве изневерува?

Сподели со своите пријатели

Детективот осмислил пет начини кои ќе ви помотнат да откриете дали партнерот ве изневерува.

Водичот настанал во соработка со страницата Bark.com, специјализирана за тражење работници и работа, откако се покажало дека побарувачката за приватни детективи е зголемена за дури 39 отсто.

Приватен детектив советува да се спроведат пет „тестови“ за да се откријат вистинските чувства на партнерот.

Слуша нови бендови

Ако вашиот парнер минува доста време со нови личности сосема сигурно е дека тие ќе му укажат на некои нови бендови или музички жанр. Ако вашиот партнер започнува да слуша некој нов жанр тоа значи дека нова личност влијае на него.

Седиштето на совозачот е намесетно поинаку од вообичаено

Ако некој го померал седиштето на совозачот напред или назад тоа е прв знак дека тука некој често се вози со вашиот партнер. Ако тој/таа се обидува да сокрие од вас веројатно ќе го издаде седиштето доколку не го врати во првобитната положба.

5 типа на луѓе кои најмногу изневеруваат

Loading...

Зголемена километража на автомобилот

Во просек луѓето годишно минуваат иста километража пат од работа или викендица и обично на крајот на годината пресметката е иста. Ако сте забележале поголема километража тогаш запрашајте се дали нешто не е во ред.

Се крие за време на повици и заклучен е профилот на социјалните мрежи

Ако одеднаш партнерот на ѕвонење на мобилниот телефон станува и оди во друга соба да се јави, ги променил лозинките на социјалните мрежи или го крие телефонот од вас, тоа е знак дека сокрива нешто повеќе.

 

 

Драматична промена во сексуалниот нагон

Ова значи дека одеднаш во врската нема секс или го има помалку од вообичаеното. Вашиот партнер можеби чувствува вина па избегнува да спие со вас, или едноставно сексуалната желба ја гасне на друго место.

Не зборувате како претходно

Претходно сте разговарале за својот ден, за колегите од работа или кој кого сретнал, а сега се помалку детали од својот ден споделувате меѓусебно? Исто така, треба да ве загрижи ако повеќе немате разговори за иднината.

Нови модни парчиња и долна облека

Луѓето кога започнуваат да се видуваат со некого во почетокот се повеќе се трудат да импресионираат. Ако сте забележале дека партнерот има нова облека, маици или патики, штикли или фустани, тогаш постои голема можност дека се обидува некого да импресионира.

Хакери објавија имиња на 37 милиони прељубници – меѓу нив Тони Блер и луѓе од Ватикан

Карактерни промени

Еден од најголемите знакови на неверество е промената во однесувањето. Тоа може да биде затоа што партнерот станува тајновит, повеќе се кара со вас или станува рамнодушен. Понекогаш карактерната промена е последица на чувство на вина, но може да биде и влијание на личноста со кое го минува времето.

Сакаат сами да ја перат долната облека

Ова е еден од најчестите знаци. Причината е тоа што не сакаат да им претурате по џебовите или во случај да останал некој „доказ“ на неговата болека да го сокрие пред вие да го видите.

Користи нови фрази

Ова е знак дека со некој минува многу време и тоа влијае на неговиот начин на размислување, однесување и комуникација. Луѓето кога минуваат време со некого кој им се допаѓа ги собираат нивните навики и фрази.

 

Троши повеќе пари

Без разлика дали за облека, излеувања или нешто трето, ако постои голема разлика во вашиот домашен буџет од буџетот од претходниот месец или неколку месеци постои голема можност парнерот да купува податоци некому, го/ја изведува на вечера или плаќа соби во хотели.

Сте го/ја фатиле без бурма

Ова е знак дека кријат дека се женети/мажени.

Постојат пет тестови кои рпиватниот детектив им ги советува на клиентите со кои ќе проверат дали нивните сомневања се оправдани.

Тест на говор на тело

Појавете се на работното место за време на ручек и набљудувајте како ќе реагира. Дали се во брзање, се обидуваат да ве отстранат од канцеларијата? Дали се однесуваат како да им е непријатно или се растроени?

Телефонски тест

Наговорете некого од семејството или пријателите да го повикаат и по неколку минути да ве бараат вас. Лесно излезете од просторијата и прекинете го повикот. Сега можете да ги проверите неговите пораки, социјални мрежи и мејлови.

Локација

Симнете од интернет апликација за следење на мобилниот телефон, како „Family Locator“. Кога се надвор повикајте ги и прашајте ги каде се, а потоа проверете ја апликацијата за да видите дали ја зборуваат вистината.

Кога мажите најмногу изневеруваат?

Тест на полово преносливи болести

Првин тестирајте се самите и проверете да не сте „собрале“ нешто, а потоа тестирајте го партнерто. Кога се на вц и слушате дека се при крај повикајте дека итно треба нешто да ви помогнат во надеж дека ќе ги реметите и дека ќе заобрават да пуштат вода. Потоа однесете урин на проверка во лабораторија.

Тест на мириси

Ако вашиот партнер доаѓа касно, а вие мислите дека ве изневерил залетајте им се во прегратка и бакнете го. Ако се обидува да се извлече од прегратката, веројатно е во прашање чутсво на вина, а за вас е моментот посериозно да се занимавате со знаците дека ве изневерува.

Leave a Reply