Гимназијалците од четврта година од СОУ Гимназија ”Гоце Делчев” , денес традиционално даруваа крв на крводарителска акција организирана по повод патрониот празник на училиштето.
Loading...
На акцијата се пријавија 117 ученика, матуранти во нашето училиште. Од нив, неколку беа вратени, но до 14 часот, очекуваме повеќе од 8о единици крв, што сметаме дека е задоволитена бројка, изјави денес Драган Илиевски, професор во кумановската гимназија.
Дарување крв во кумановската Гимназија е традиционална акција која се организира двапати годишно и која секогаш наидува на масовен одзив на учениците.