Француските обвинители во средата (28-ми август) го ослободија од притвор извршниот директор на Телеграм, Павел Дуров, откако беше испрашуван четири дена поради наводите дека апликацијата за пораки се користела за нелегални активности.
Основачот и генералниот директор на платформата за социјална мрежа Телеграм доби наредба од францускиот суд да плати кауција во износ од пет милиони евра, ставен под судски надзор и со забрана за напуштање на Франција, јавуваат агенциите повикувајќи се на француски медиуми.
Дуров беше приведен во саботата на аеродромот Ле Бурже во близина на Париз, како дел од судската истрага започната минатиот месец за 12 наводни злосторства.
„Истражниот судија му го прекина полицискиот притвор на Павел Дуров и ќе го изведе пред суд за неговото прво појавување и евентуално обвинение“, се вели во соопштението на париското обвинителство.
Обвиненијата против Дуров, кој е роден во Русија и е француски државјанин, наведува дека неговата платформа се користи за складирање материјали за сексуална злоупотреба на деца и трговија со дрога, за измама и за поддршка на организираниот криминал.
Дуров е обвинет и дека одбил да сподели информации или документи со истражителите кога тоа го бара законот.
Апсењето на Дуров во Франција предизвика бес во Русија, а некои владини претставници го нарекоа политички мотивирано и доказ за западните двојни стандарди за слободата на говорот.
Обвинувањата ги навредуваа и критичарите на Кремљ бидејќи во 2018 година самите руски власти се обидоа да ја блокираат апликацијата Телеграм, но не успеаја, па ја укинаа забраната во 2020 година.
Во Иран, каде Телеграм е широко користен и покрај тоа што беше официјално забранет по неколкугодишните протести против шиитската теократија во земјата, апсењето на Дуров во Франција предизвика коментари од врховниот водач на Исламската Република.
Ајатолахот Али Хамнеи искажа жестока пофалба за Франција за тоа што е „строга“ кон оние кои „го кршат вашето управување“ со интернетот.
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот изјави дека апсењето на Дуров не е политички потег, туку дел од независна истрага.
Pavel Durov a été libéré de détention et est désormais sous caution de 5 000 000 €. Il lui est également interdit de quitter le territoire.
Cette affaire n’est pas terminée et pourrait rapidement se transformer en un scandale d’État. pic.twitter.com/UbYr63GtkJ
— Tribune Populaire🌐 (@TribunePop23) August 28, 2024