Дваесет и едногодишен кумановец бил приведен викендов по пријава дека физички нападнал обезбедување во казино.
– На 08.11.2026 во 05:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.А. (21) од Куманово затоа што во казино во Куманово физички го нападнал Н.Т. (18) вработен како обезбедување, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

