27-годишник од кумановско возел без дозвола, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека управувал возило без возачка дозвола.

– На 07.11.2026 во 23:30 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.М. (27) од село Романовце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на сообраќајот било запрено патничко моторно возило со кумановски регистарски ознаки при што било утврдено дека го управувал без возачка дозвола.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од Куманово денеска без струја

Никола Ивановски