Социјалните мрежи не се реалност: Инфлуенсерка покажа како девојките го менуваат изгледот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Емили Кларксон, ќерка на британскиот водител Џереми и инфлуенсерка, често нагласува колку филтрите на Инстаграм можат да нарушат нечија самодоверба, а благодарение на нејзиниот искрен пристап, таа собра 113.000 следбеници.

Loading...

Во една од последните објави, инфлуенсерката сподели видео кое совршено покажува како луѓето можат да го променат својот изглед на фотографиите што завршуваат на социјалните мрежи.

Тоа го стори на примерот на нејзината фотографија, која ја смени до непрепознатливост, па дури и ја смени бојата на косата.

 

https://www.instagram.com/reel/CE18BKaBT63/?utm_source=ig_embed

 

„Треба да разберете колку е искривена реалноста на Инстаграм. Кожата што ја гледате е измазнета, нема брчки, како и црвенило. Очите се посветли, боите се потопли. Некои делови се помали, а други поголеми”, напишала Емили во описот.

Таа посочи дека не само филтрите се одговорни за ваквото нарушување на реалноста, туку има и мноштво апликации што го прават истото.

Loading...

„Ние се споредуваме со нешто што едноставно не постои. Ги гледам овие мои изменети фотографии и не се препознавам. Јас сум, но само некоја холивудска верзија на апликацијата”, напиша Емили.

 

https://www.instagram.com/p/CEmdmUxh3dF/?utm_source=ig_embed

 

Таа додава дека никогаш нема да бидеме среќни ако продолжиме да се споредуваме со луѓе кои буквално не постојат.

Leave a Reply