Денеска на полноќ Собранието на Република Македонија треба да се самораспушти, согласно одлуката за одржување на предвремени парламентарни избори.
Во 13 часот пратениците ќе ја продолжат 98-та седница на чиј дневен ред е предлог измени во Законот за медиуми, предложени од страна на СДСМ.
Специјалното јавно обвинителство пред неколку дена побара донесување закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци. Оваа точка ја нема на дневен ред за денешната седница.
Со измените, специјалната обвинителка бара да има одврзани раце во однос на предлагањето заштитни сведоци, но со оглед на тоа дека вечерва најверојатно ќе се самораспушти Собранието, овој закон ќе остане само желба на СЈО.