Соборен дрон падна врз зграда на седиштето на Црноморската флота

Сподели со своите пријатели

Дронот што го соборија руските сили над седиштето на Црноморската флота во Севастопол, Крим, падна на покривот и се запали, напиша гувернерот на градот Михаил Развозаев на својот канал Телеграм, пренесува ТАС С.

Loading...

„Активирана е противвоздушната одбрана на флотата. Дронот е соборен веднаш над седиштето на флотата. Се запалил откако паднал на покривот. Нападот не успеал“, изјави Развозаев.

Претходно денеска гувернерот на Севастопол пријави напад со дрон врз седиштето на Црноморската флота, без жртви.

Полицијата ги блокирала влезовите во зградата, а на локалното население му се препорачува да остане дома доколку е можно, наведува руската агенција.

Во последниот напад на седиштето на руската Црноморска флота на 31 јули, шест лица беа повредени кога дрон наполнет со експлозив удри во овој објект, потсетува ТАС С.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.