Раководството на Социјалистичката партија на Македонија денеска на Спомен Костурница положи свежо цвеќе во чест на загинатите борци од народното востание.
[huge_it_gallery id=”222″]
Свој говор имаше потпредседателот на партијата, Јован Лазаров кој нагласи дека ова е едно од најважните востанија и затоа треба да им се одаде почит на загинатите борци.
Ние социјалистите сме особено горди што најголемите синови на македонскиот народ, Главинов, Делчев, Груев, Димо Хаџи Димов и уште многу други дејци, задоени со социјалистички идеи го подготвуваа македонскиот народ и ја водеа вековната борба за создавање македонска држава. Тие ја создадоа македонската револуционерна организација и ги трасираа патиштата по кои се одвиваше македонската борба за слобода – рече Лазаров во своето обраќање пред присутните.
Од партијата велат дека од следната година очекуваат помасовно да се одбележува овој празник од страна на нивната партија, од која свои претставници се заминати и во Прилеп.