Со преполна сала Театар Куманово прослави 5 години од „Малата сирена“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Преполна беше салата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчера на изведбата на претставата „Малата сирена“ по повод петиот роденден од нејзината премиера.

Loading...

 

 

Најмладата публика повторно уживаше во претставата која вчера беше играна по дури 28ми пат.

 

 

Loading...

По завршување на истата, децата имаа можност во фоајето да се дружат и фотографираат со актерите, што предизвика голем интерес.

 

 

Актерот Никица Јанковски, вели дека сето тоа говори за успешноста на претставата, која и по пет години ги освојува срцата на младите.

– Претстава која ми го донесе првото признание на мене, и уште на неколку колеги. Претстава која создава идна едуцирана театарска публика. Претстава која што ги полни театарските гледалишта. Уште во деновите кога ја подготвувавме оваа претстава, подоцна и изведбите па се до овој момент сега кога ја играме „Малата сирена”  се чувствува таа убава енергија која што децата ја препознаваат, вели актерот Јанковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат жител на Матејче

 

Loading...

 

Тој упати голема благодарност до публиката, со желби уште многу генерации да растат со оваа претстава, додека до своите колеги упати честитки за уште една маестрална изведба и петгодишниот јубилеј.

 

 

Претставата има освоено неколку награди на фестивали низ Македонија, меѓу кои за најдобра сценографија, најдобра костимографија, додека актерот Никица Јанковски ја доби наградата за најдобар актер.

 

Loading...

 

Играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски, Дубравка Киселички, Кети Дончевска Илиќ, Жарко Јовановиќ, Владо Дојчиновски. Режијата е на Бојана Краљевска, а асистент на режија: Ибраим Деари. Текстот е обработен од  драматург  Сашо Костовски, сценографијата на Крсто Богојевски, костимографијата на Кети Пауновска Стефковска, а музика ја создаде Зоран Зафировски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски