Со парите за концерт, огномет и новогодишно украсување Куманово ќе купи таблети за учениците

Сподели со своите пријатели

Куманово за два дена треба да го одбележи 601-от роденден од своето постоење, но годинава поради коронавирусот ќе изостанат традиционалниот музички концерт и огномет на плоштадот.

Loading...

Како што информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски, тие средства, заедно со парите предвидени за новогодишно украсување на градот ќе бидат пренаменети за да се купат таблети за учениците.

– Оваа година решивме средствата кои се предвидени за организација на концертот и средства за новогодишното украсување и огноментот да ги преманениме, и дадов предлог во ребалансот на буџетот до советот да се пренаменат за обезбедување набавка на таблети и друга опрема која ќе се користи за онлајн наставата за учениците во нашата општина, изјави Димитриевски.

Димитриевски апелираше граѓаните, поради моменталната состојба, општинските услуги да се обидат да ги добијат онлајн  преку веб страницата на Општина Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply