Со помалку од пет-шест часа спиење дневно, не можете да си ја одржите вашата линија, а последиците од ова ќе ги увидите по качувањето на вагата.
Дури и да не промените ништо во вашата исхрана и во навиките поврзани со вашата физичка активност, промените на метаболизмот можат да предизвикаат пораст на телесната тежина. Можеби ова е одговор на прашањето зошто луѓето како што стареат се здебелуваат, а истовремено спиењето им станува сè полошо. Истото објаснување се однесува и на работниците кои најчесто работат трета смена. Тие преку ден се мачат да го надополнат спиењето, кое го пропуштиле ноќта.
ЗА ДОБАР СОН: Никако не станувајте ако се разбудите во сред ноќ